Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо во среда ќе допатува во посета на Турција

На покана на министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу, италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо, на 17 јуни, во среда, по втор пат ќе ја посети Турција

1436388
Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо во среда ќе допатува во посета на Турција

Италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка Луиџи Ди Мајо, на 17 јуни, во среда,  ќе допатува во посета на Турција.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека Луџи Ди Мајо на покана на министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу, на 17 јуни, во среда, по втор пат ќе ја посети Турција.

Во соопштението на Министерството за надворшени работи се вели следното: „На разговорите ќе бидат разгледани односите помеѓу Турција и Италија и нашиот процес на членство во Европската унија (ЕУ). Ќе бидат разменети мислења и во врска со борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), како и актуелни регионални и меѓународни случувања.“



Слични вести