Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 оздравеа уште 1.330 пациенти, досега вкупно 151.417

Во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 15 лица, дијагностицирани се 1.562 новозаразени, а оздравеа уште 1.330 заболени пациенти од вирусот; Досега починаа вкупно 4.807, инфектирани се 178.239, а оздравеа вкупно 151.417 лица

1435774
Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 оздравеа уште 1.330 пациенти, досега вкупно 151.417

Продолжува континуираниот пад во бројот на смртните случаи во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Во изминатите 24 часа се потврдени 15 смртни случаи со што вкупниот број на починатите достигна до 4.807 лица.

Направени се уште 45.176 тестирања од кои се дијагностицирани 1.562 новозаразени, додека вкупниот број на регистрирани случаи на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19) изнесува 178.239 лица.

Заедно со уште 1.330 излекувани лица вкупниот број на оздравените пациенти во Турција се зголеми на 151.417 лица.

 

 



Слични вести