Претседателот Ердоган: „Со нормализирањето оживеаа производството, трговија и туризмот“

Исламската економија е клучот на излезот од кризата

1435712
Претседателот Ердоган: „Со нормализирањето оживеаа производството, трговија и туризмот“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека „со нормализирањето на секојдневниот живот во процесот на епидемијата од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) повторно оживеаа производството, трговијата и туризмот на земјата.

Во говорот на 12-та Меѓународна конференција за исламска економија и финансии, претседателот Ердоган рече дека Турција се наоѓа меѓу земјите коишто периодот на епидемијата го поминаа со најмала штета.

Во период кога економските просперитетни земји се соочуваа со тешкотии во снабдувањето на своите граѓани со маски, исто така имавме можност дека не можеа да им пружат дури најнеопходни здравствеи услуги. Турција, покрај тоа што ги намири потребите на своите граѓани, исто така пруж здравствена помош на 125 земји во светот.

Што се однесува до бројките за стапката на вработеност, можам да кажам дека постигнавме поволен интензитет.

Според податоците за раст за првиот квартал на 2020, Турција со раст од 4,5 отсто бележи раст не само во здравствениот сектор, туку позитивен отскок и од аспект на економијата во споредба со другите земји. Со спроведувањето на процесот на нормализирање, оживеаа производство, трговијата и туризмот на земјата.

Затоа не ги земаме во предвид претпоставките и прогнозите на агенциите за кредитен рејтинг кои ја изгубија објективноста и доверливоста.

Исламската економија е клучот на излезот од кризата.

Екстремното финансирање предизвика да се појави економски модел на згоеност кој се раководи само со загриженост за поголем профит, без да ги земе во предвид општествените и трошоците на луѓето.

Треба да се прошири употребата и примената на финансиските алатки како што е сукук (исламски финансиски безкаматни обврзници) за долгорочно финансирање на големите инфраструктурни инвестиции.

Затоа планираме Истанбул кој се наоѓа на раскрсницата на континентите и културите, да го претвориме во Исламско финансики и економски центар“ потенцираше Ердоган.



Слични вести