Ердоган: Турција со секој поминат ден станува се поуспешна во сферите на транспортот и здравството

Претседателот Ердоган истакна дека Турција со секој поминат дена станува се поуспешна во сферите на транспортот и здравството

1435780
Ердоган: Турција со секој поминат ден станува се поуспешна во сферите на транспортот и здравството
erdoğan.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, денеска учествуваше на церемонијата организирана по повод свеченото пуштање во употреба на третата писта на Истанбулскиот Аеродром и на отворањето на Државниот дом и џамијата на аеродромот.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа овде истакна дека Турција со секој поминат дена станува се поуспешна во сферите на транспортот и здравството.

Велејќи дека Истанбулскиот Аеродром е изграден со планирање да би можел да се прошири до 200 милиони патници годишно, Ердоган рече: „Нашиот Истанбулски Аеродром кој од датумот кога е ставен во услуга е дојден во положба на гордост за нашата земја, денеска се стекнува со својата трета независна писта, втора кула и новиот пат за такси возилата.“

„Истанбулскиот Аеродром, е едниот од симболите на нашите цели за 2023 година“, порача претседателот Ердоган и информира дека бројот на летовите во странство којшто изнесуваше само 60 успеа да се зголеми на 350 и дневниот капацитет на воздушниот карго товар од 303 тони сега е на ниво од околу 2.500 тони.

Ердоган напомена дека сите четири страни на Турција се украсени со дела и го рече следното: „Му ги ставивме во услуга на нашиот народ делата како што се Мармарај, тунелот Евроазија и мостовите Јавуз Султан Селим и Османгази, со што овозможивме животните жили на овој древен град секогаш да останат отворени.“

Тој, во својот говор воедно истакна дека со новоотворените епидемски болници се фрлени значајни чекори и во здравствениот туризам.

Потоа, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со дадената дозвола за полетување од трите одделни писти на Истанбулскиот Аеродром во ист момент полетаа 3 авиони, TK1453, TK1923 и TK2023.

 



Слични вести