Бројот на терористите неутрализирани во Сиирт се зголеми на 4

Продолжуваме со задачата во Ерух Џираф кај Сиирт.

1435605
Бројот на терористите неутрализирани во Сиирт се зголеми на 4

Бројот на терористите неутрализирани на локацијата Ерух Џираф во Сиирт се зголеми на 4.

Во писменото соопштение објавено од страна на МВР беше истакнато дека во рамките на внатрешно-безбедносните операции на Градската команда на жандармеријата кои беа придружени од воздух, беа неутрализирани уште 2 терористи.

Во претходните операции беа неурализирани уште 2 терористи.

На тој начин, вкупниот број на терористите коишто беа неутрализирани на локацијата Ерух Џираф во Сиирт се зголеми на 4.

Во соопштението беше потенцирано дека операциите во подрачјето продолжуваат со голема одлучност.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во објавата рпеку профилот на твитер во врска со операцијата истакна:

„Продолжуваме со задачата во Ерух Џираф кај Сиирт. Пред малку остварив телефонски разговори со валијата (гувернерот) и командантот на градската команда на жандармеријата. Неутрализирани се уште двајца терористи. Моменталната бројка изнесува четири“.

Од друга страна пак МВР соопшти дека во операцииите на подрачјето Фарашинкај кај Ширнак и Дијарбакир биле неутрализирани уште 3 терористи.

Терористот Екрем Ипташ кој беше неутрализиран во операцијата во Дијарбакир која беше поддржана од воздух се наоѓаше на портокаловата листа на барани терористи.

Во меѓуврме, Министерството за национална одбрана објави соопштение во кое беше истакнато дека во операцијата на турските командоси на подрачјето Извор на мирот на северот на Сирија беа неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ кои се обидоа да се инфилтрираат во подрачјето.

Во рамките на активностите на извидување и набљудување на подрачјето Зап и Авашин-Басјан на северот на Ирак со посредство на беспилотните летала, беа неутрализирани уште 2 терористи на ПКК.



Слични вести