Турција го осуди извршениот терористички напад на џамија во авганистанскиот главен град Кабул

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека се чувствува загриженост поради порастот на нападите коишто се реализираат врз верските објекти во Авганистан, во последно време

1435023
Турција го осуди извршениот терористички напад на џамија во авганистанскиот главен град Кабул

Турција го осуди извршениот терористичи напад на една џамија за вчера за време на клањање на џума намаз (петочната молитва) во главниот град на Авганистан, Кабул, во кој загинаа имамот на џамијата и тројца цивили, а имаше и ранети.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека се чувствува загриженост поради порастот на нападите коишто се реализираат врз верските објекти во Авганистан, во последно време.

Во соопштението се вели следното: „Жестоко го осудуваме гнасниот терористички напад чија цел беше една џамија во главниот град на Авганистан, Кабул.“

Во соопштението, на загинатите во нападот им се посакува милост од Аллах, а на ранетите побрзо оздравување и се додава следното: „Го изразуваме нашето сочувство до пријателскиот и братски авганистански народ.“

Инаку, во реализираниот бомбашки терористички напад за време на клањање на џума намаз (петочната молитва) во џамијата Ширшах Сури во областа Карте Чар, во главниот град на Авганистан, Кабул, загинаа имамот на џамијата и тројца цивили, а имаше и ранети.



Слични вести