На северот на Сирија се приведени 7 терористи, а кај Шанлиурфа е фатен терорист со 10 кг експлозив

Во подрачјата на операциите Еуфратски штит и Маслиново гранче на северот на Сирија се приведени 7 терористи на ПКК/ЈПГ, а во Акчакале кај Шанлиурфа е фатен еден терорист на ПКК/ЈПГ со 10 килограми експлозив

1435353
На северот на Сирија се приведени 7 терористи, а кај Шанлиурфа е фатен терорист со 10 кг експлозив

Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјата на операциите „Еуфратски штит“ и „Маслиново гранче“ на северот на Сирија се приведени 7 терористи, припадници на терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Во соопштението на Министерството се вели следното: „Во спроведените операции за спречување на активностите на терористичката организација ПКК/ЈПГ чија цел е нарушување средината на спокојство и безбедност, во подрачјето на операцијата Еуфратски штит е приведен еден терорист, а во подрачјето на операцијата Маслиново гранче се приведени 6 терористи на ПКК/ЈПГ.“

Во меѓувреме, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу истакна дека во населеното место Акчакале кај градот Шанлиурфа е фатен еден терорист, припадник на терористичката организација ПКК/ЈПГ кој со 10 кг експлозив од Сирија се префрлил во Турција.

Министерот Сојлу на својот профил на социјалната мрежа Твитер ја сподели пораката во која го напиша следното: „Во Акчакале кај Шанлиурфа е фатен терорист на ПКК/ЈПГ кој од Кобани (Ајн ел Араб) од северот на Сирија пренел во Турција 10 килограми експлозив зајачен со метални топчиња.“

Министерот Сулејман Сојлу им се заблагодари на полициските сили за внимателно реализираната операција со која фатениот терорист со 10 кг експлозив беше следен.



Слични вести