Калин во посета на Берлин: Решението во Либија не треба да биде воено, туку политичко

Портпаролот во Претседателскиот кабинет Ибрахим Калин во дадената изјава за новинарите во Берлин истакна дека решението во Либија не треба да биде воено, туку политичко

1435065
Калин во посета на Берлин: Решението во Либија не треба да биде воено, туку политичко

Портпаролот во Претседателскиот кабинет Ибрахим Калин кој престојува во посета на главниот град на Германија, Берлин, во дадената изјава за новинарите истакна дека претходно во Берлин беше одржана конференција по прашањето на Либија под покривот на Обединетите нации (ОН), меѓутоа потсети дека водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија Халифа Хафтар, исто како и за време на претходните договори го прекрши и постигнатиот договор во Берлин.

Калин истакна дека решението во Либија не треба да биде воено, туку политичко.

Велејќи дека Хафтар не го признава либискиот политички договор познат како Договорот од Сухејрат и дека себе сѝ се прогласи (еднострано) за единствен единствен стопан на Либија, Ибрахим Калин рече дека Хафтар во меѓувреме ги продолжи и нападите врз воените школи и цивилни цели.

Тој напомена дека Владата на национално единство на Либија во последно време повторно доби сериозна позиција и би можело дека воспостави рамнотежа во судирите.

„Меѓутоа, конечното решение не треба да биде воено, туку политичко. Значајно е тоа да дојде во положба на чекор којшто ќе го отвори патот на политичкото решение.“ - порача Калин, а воедно нагласи дека Турција е продолжи да ја поддржува легитимната Влада на национално единство која е призната и од страна на Обединетите нации (ОН).

Подвлекувајќи дека нестабилноста во Либија може да влијае на северот на Африка, а оттаму и на јужниот дел на Европа, портпаролот во Претседателскиот кабинет Ибрахим Калин го додаде следното: „На тој начин, воспоставувањето на мирот и стабилноста и крајот на војната таму (во Либија), е во интерес и на Турција и на либискиот народ. Тоа е во интерес на народот во целиот регион.“



Слични вести