ТВС започнаа со чистење на рачните експлозивни направи во Триполи и околината

Екипите на ТВС со заштитни одела, современа опрема и технологија, роботски системи, националната технологија и теренското искуство работат на отстранување и уништување на поставените рачно експлозивни направи и мини од страна на милицајцие на Хафтар

1434353
ТВС започнаа со чистење на рачните експлозивни направи во Триполи и околината

На барање на Либија, Турските вооружени сили (ТВС) почна со чистењето на рачните експлозивни направи и мини кои беа поставени од страна на милицајците на Хафтар во населените подрачја од кои се повлекоа со цел цивилното население безбедно да се врати во домовите.

Безбедносни извори истакнаа дека по ослободувањето на населените места во Триполи и источните предели на земјата кои се наоѓаа под окупација на нелегитимните вооружени сили под лидерство на Халифа Хафтар, експертските екипи за деминирање и отстранување на бомбите на Турските копнени, поморски и воздушни сили, специјалните единици, подводните одбранбени и офанзивни специјалци, почнаа со активностите за чистење на теренот од рачните експлозивни направи и мини поставени од страна на силите на Хафтар, со цел да се обезбеди безбедно враќање на граѓаните и враќање кон нормалниот живот.

Екипите на ТВС со заштитни одела, современа опрема и технологија, роботски системи, националната технологија и теренското искуство работат на отстранување и уништување на поставените рачно експлозивни направи и мини од страна на милицајцие на Хафтар, со цел Либијците безбедно да се вратат во домовите.

Владата на Либија соопшти дека досега во експлозиите на поставените стапици од бомби и мини загинаа 27, додека 40 лица биле повредени.



Слични вести