ТВС остварија поморска обука во меѓународните води на Медитеранот

На обуката на отворено море учествуваа 17 авиони на Командата на воздушните сили, 8 фрегати и корвети на Командата на поморските сили

1434859
ТВС остварија поморска обука во меѓународните води на Медитеранот

Турските вооружени сили (ТВС) остварија поморска обука во меѓународните води на Медитеранот.

Поморската обука која беше управувана од оперативниот штаб во Турција и заврши успешно, истовремено претставуваше проба на непрекинато извршување на задачите со командување од далечина.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за национална одбрана беше истакнато дека од страна на воените единици на воздушните и поморските сили на Турција во Медитеранот беше остварена обука на отворено море.

На обуката на отворено море учествуваа 17 авиони на Командата на воздушните сили, 8 фрегати и корвети на Командата на поморските сили.

Поморските единици кои учествуваа на обуката на отворено море, пред вежбата се стационраа во различни подрачја на Медитеранот. Во рамките на 8 часовната задача која се оствари на околу 2 илјади км од турските територијални води и за време на целиот курс на патување беа испробани сите процедури за командување и контрола, полнење гориво во воздух, заедничка поморско-воздушна вежба и обука за службен пренос во воздух и море.



Слични вести