САД треба да има почит кон одлуките на турските судови

На Метин Топуз, вработен во Генералниот конзулат на САД в му беше изречена казна затвор од 8 години 9 месеци поради помош и поддршка на терористичката организцаија ФЕТО

1434302
САД треба да има почит кон одлуките на турските судови

Турција ги повика САД да покажат респект кон одлуките на турските независни судови.

Амбасадата на РТ во Вашингтон остро реагираше на соопштението на Амбасадата на САД во Анкара во кое беше изнесено дека „биле разочарани од одлуката“ во врска со осудувањето на Метин Топуз, еден од вработените во Генералниот конзулат на САД во Истанбул на казна од 8 години 9 месеци поради „поддршка на вооружена терористичка организација“ и во кое беше изразена надеж дека за повлекување на одлуката.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Амбасадата на Турција во Вашингтон преку профилот на твитер беше истакнато дека Топуз биле осуден поради помош на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) и дека осудеиниот има право да поднесе жалба на пресудата во рок од 7 дена.

Соопштението на Амбасадата на САД во Анкара во кое се критикува и се испитува законската одлука на судот, претставува мешање во независноста на правосудството и се коси со правилата и имплементациите со кои се определува улогата и одговорноста на странските дипломатски мисии. На Амбасадата на САД и препорачуваме да покаже респект кон одлуите на независните судови на РТ и да го избегне мешањето во судското гонење.

14-от Суд за тешки кривични дела на Итсанбул, на обвинетиот Топуз му изрече казна затвор од 8 години 9 месеци.



Слични вести