Реакција од МНР на Турција до САД: Повикуваме да се почитува принципот на независност на судството

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој истакна дека се повикуваат американските власти да покажат почит кон принципот на независност на турското судство

1434869
Реакција од МНР на Турција до САД: Повикуваме да се почитува принципот на независност на судството

Турција ги повика американските власти да покажат почит кон принципот на независност на судството.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој одговори писмено на едно поставено прашање во врска со изјавите коишто пристигнаа од американските власти во однос на изречената пресуда на поранешниот вработен во Генералниот конзулат на САД во Истанбул Метин Топуз кој поради извршено кривично дело „помагање на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО“ беше осуден на затворска казна од 8 години 9 месеци.

Подвлекувајќи дека Метин Топуз не е единственото лице поврзано со ФЕТО кое работи во претставништвата на САД во Турција, Аксој потсети дека поради поврзаност со Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ беше уапсено и пренесено во затворот во Силиври и лицето по име Ариф Јалчин кое по обидот за државен удар на 15 јули (2016) беше разрешен од Воената академија и во октомври 2018 година почна да работи во Амбасадата на САД во Анкара.

„Оваа состојба покажува дека припадниците на ФЕТО не се инфилтрирани само во државните институции, туку дека се и биле инфилтрирани и во мисиите на САД во Турција.“ - рече Аксој.

Привлекувајќи внимание дека до денеска не можеше да се добие позитивен одговор на доставените барања од страна на судските органи во врска со членовите на ФЕТО за кои се нзае дека се наоѓаат во САД, за нивна екстрадиција, вклучувајќи го и челникот на Фетулахистичката терористичка организцаија (ФЕТО)  Фетулах Ѓулен, портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој го рече следното: „Тоа пак, го презентира нечувствителниот приод на САД кон терористичката организација ФЕТО. Поради овие нивни приоди, со загриженост стануваме сведоци на тоа дека САД се дојдени во состојба на безбедно пристаниште за членовите на терористичката организација ФЕТО. Во Турција преовладува владеењето на правото и турското судство е независно. Нашата земја, на основа на принципите на универзалното право со одлучност ќе ја продолжи својата борба против терористичката организација ФЕТО која посегна по нашиот уставен поредок и нашето национално единство. Ги повикуваме американските власти да покажуваат почит кон принципот на независност на судството и да стојат далеку од нивните ставови за влијание над судството, а освен тоа ги повикуваме да избегнуваат од наметнување на политички значења на независните судски одлуки во Турција. Тера на размислување тоа што нашите сојузници кои себе си сѐ оценуваат во позиција на бранители и стопани на принципи како што се демократија, слободи и на владеењето на правото, тогаш кога се во прашање Турција и терористичките организации непријатели на човештвото, ги сметаат за ништовни (ги негираат) овие фундаментални принципи.“



Слични вести