Бројот на оздравените пациенти од Ковид-19 во Турција достигна до 149.102

Во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 15 лица, дијагностицирани се 1.195 новозаразени, а оздравеа уште 1.242 заболени пациенти од вирусот; Досега починаа вкупно 4.778, инфектирани се 175.218, а оздравеа вкупно 149.102 лица

1434906
Бројот на оздравените пациенти од Ковид-19 во Турција достигна до 149.102

Продолжува континуираниот пад ѝ во бројот на смртните случаи ѝ во новите случаи на зараза во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Во изминатите 24 часа бројот на смртните случаи се намали на 15 лица со што вкупниот број на починатите достигна до 4.778 лица.

Направени се уште 41.013 тестирања од кои се дијагностицирани 1.195 новозаразени, додека вкупниот број на регистрираните случаи на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19) изнесува 175.218 лица.

Заедно со уште 1.242 излекувани лица вкупниот број на оздравените пациенти во Турција се зголеми на 149.102 лица.



Слични вести