Алтун: „Неприфатливо е обвинувањето на Претседателството на Република Турција“

Алтун: „Неприфатливо е обвинувањето на Владата на Република Турција“

1434858
Алтун: „Неприфатливо е обвинувањето на Претседателството на Република Турција“

Директорот на Диекцијата за комуникации при претседателскиот кабинет Фахретин Атун остро реагираше на затворањето на некои профили на Турција на твитер.

Надоврзувајќи се на затворањето на околу 7 илјади профили на Турција на твитер, Алтун во писменото соопштение истакна:

„Соопштението на твитер дека затворените профили се „лажни“ профили кои биле отворени со цел да се даде поддршка на нашиот Претседател и дека наводно се управувале од еден единствен центар се невистинити тврдења.

Од изнесените документи во врска со одлуката за затворање на профилите јасно може да се види дека далеку од научност, се пристрасни и се формирани на политички мотиви.

Одлуката усвоена од страна на компанијата чие седиште се наоѓа во САД претставува историски скандал бидејќи е обид за пазарување на идеолошкиот приоди со научни податоци и легитимизирање со извештај изготвен од страна на одредена група   луѓе, рече Алтун и породолжи:

Додека не е изнесен ниту еден технички доказ, во образложението јасно може да се види дека станува збор за хипотези, без конкретни докази,се со цел сите профили на социјалните медиуми да се стопат во еден казан и на тој начин да се фрли дамка на сомнение врз Република Турција и нејзината власт.

Овој брутален пристап, скриен под плаштот на транспарентноста и слободата на изразувањето уште еднаш ни покажа дека твитер, освен тоа што е е трговска социјална медиумска куќа, исто така има одреден политички и идеолшки приод кон случувањата, така што на сите оние кои не се придружуваат на нивниот став или ставови, не се стреми да ги клевети, осомничи и обвини сите корисници на профилите и актери, поради што се претвори во една идеолошка машина за црна пропаганда.

Желбата и волјата на твитер од политички аспект е да ги отвори своите прагратки на активностите за црна пропаганда на сепаратистичко-терористичките организации како што ПКК и ФЕТО и Република Турција и нејзината политика да ги стационира и дизајнира според своите интереси. Тоа многу очигледно може да се види.

Уште еднаш сакаме да потсетиме дека и во минатото голем број структури се обидоа да започнат ваков вид на однесување, но со текот на времето имавме можност да видиме со какви се последици се соочија.

Владата на Република Турција во никој случај нема да дозволи премин на фалсификувањата, манипулирањата и дезинформациите, како и секогаш ќе продолжи со зајакнувањето на вистината, слободното мислење и дигиталната светс во земјата и светот“, подвлече Фахретин Алтун.



Слични вести