Турција го осуди терористичкиот напад во Нигерија и го изрази своето сочувство за загинатите

Во објавеното соопштение од Министерството за надворшени работи се истакнува дека со жалење е дознаено за терористичкиот напад во провинцијата Борно во Нигерија во кој загинаа и беа ранети голем број лица

1433626
Турција го осуди терористичкиот напад во Нигерија и го изрази своето сочувство за загинатите

Турција го осуди терористичкиот напад во западноафриканската држава Нигерија и го изрази своето сочувство за загинатите во завчерашниот напад во оваа земја во кој загинаа 69 лица, а голем број лица беа ранети.

Во објавеното соопштение од Министерството за надворшени работи се истакнува дека со жалење е дознаено за терористичкиот напад во провинцијата Борно во Нигерија во кој загинаа и беа ранети голем број лица.

Во соопштението се вели следното: „Го осудуваме овој гнасен терористички напад. На загинатите им посакуваме милост од Аллах, а на ранетите побрзо оздравување. Го изразуваме нашето сочувство до нигерискиот народ и до нигериската влада.“

Инаку, во завчерашниот реализиран вооружен терористички напад од страна на членовите на терористичката организација Боко Харам во селото Фодума Коломаија во провинцијата Борно во североисточниот дел на Нигерија, загинаа 69 лица, а голем број беа ранети.

Во акциите на колективно насилство на терористичката организација Боко Харам која во Нигерија делува од почетокот на 2000-дитите години, од 2009 година досега  животот го загубија повеќе од 20 илјади лциа.

Оваа терористичка организација од 2015 година досега реализира напади и во соседните земји Камерун, Чад и Нигер.

Во нападите на организацијата во басенот на Чадското езеро, животот го загубија најмалку 2 илјади лица. 
 



Слични вести