Турција ги зголеми безбедносните мерки против Ковид-19 во туризмот

Наскоро очекуваме одредена развдиженост на пазарите во Германија и Русија

1433941
Турција ги зголеми безбедносните мерки против Ковид-19 во туризмот

Генералниот секретар на Туристичката унија на светските зратимени градови со седиште во Швајцарија Хусејин Баранер рече дека Турција ја зголеми безбедноста и доверливоста во туризмот.

Во изјавата за Агенцијата Анадолија (АА) баранер рече дека светот поминува низ еден многу разичен процес, од кој туризмот потпадна под многу неповолно влијание. Со чекорите што беа фрлени на патот за нормализација, постепено почна раздвиженоста во туризмот.

Ние сме во постојан контакт со патничките агенции во Германија и Русија, главните пазари на турскиот туризам. Мерките коишто ги презеде Турција од аспект на здравството и безбедноста  на туристите пробуди доверба кај западните земји.

Наскоро очекуваме одредена развдиженост на пазарите во Германија и Русија.

На средбите со претставниците на агенциите ги добивме следните инфромации. „Турција со докази и документи ни докажа дека ги оствари сите потребни стандарди, не разубеди, поради што во најскоро време очекуваме раздвиженост“ рече Баранер.

Од самиот почеток на епидемијата, хотелите и туристичките работници и менаџери фрлија многу претпазливи чекори.

Денес Европа покажува голем респект кон Турција. Не можат да кажат дека Турција не го направи тоа или она. Напротив, нивните коментари претежно се засноваат на тоа дека навистина добро ја изработивте домашната работа. Секако дека тоа поволно ќе се одрази и врз туризмот“ заклучи Баранер.



Слични вести