Метин Топуз, вработен во Конзулатот на САД во Истанбул осуден на затворска казна од 8 години 9 месеци за помагање на ФЕТО

Судската порота на Судот за тешки казни број 14 во Истанбул, на вработениот во Генералниот конзулат на Соединетите Американски Држави (САД) во Истанбул Метин Топуз му изрече затворска казна од 8 години 9 месеци за помагање на ФЕТО

1434182
Метин Топуз, вработен во Конзулатот на САД во Истанбул осуден на затворска казна од 8 години 9 месеци за помагање на ФЕТО

На Метин Топуз, вработен во Генералниот конзулат на Соединетите Американски Држави (САД) во Истанбул, му е изречена затворска казна во времетраење од 8 години 9 месеци за извршено кривично дело „помагање на вооружена терористичка организација“.

Вработениот во Генералниот конзулат на Соединетите Американски Држави (САД) во Истанбул Метин Топуз кој беше уапсен под обвинение за утврдена комуникација со поранешни полициски началници и војници како и со поранешниот јавен обвинител Зекерија Оз поврзани со Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), е осуден на затворска казна поради извршено кривично дело „помагање на вооружена терористичка организација“. 

На судското рочиште во Судот за тешки казни број 14 во Истанбул, му беше прочитана пресудата на обвинетиот.

Судската порота истакна дека обвинението за ова кривично дело против Метин Топуз за кого се бараше да му се суди за кривично дело „обид за елиминирање на Република Турција“ во текот на судскиот процес беше пренаменето во кривично дело „помагање на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО)“, по што пресуди Топуз да биде казнет со затворска казна  во времетраење од 8 години 9 месеци за извршено кривично дело „помагање на вооружена терористичка организација“.

Судската порота, во врска со Метин Топуз со обвинение за извршени  кривични дела „обезбедување на информации кои претставуваат државна тајна, со цел вршење политичка или воена шпионажа“, „снимање на лични податоци спротивно на правото“, „доставување или преземање на податоци спротивно на правото“ и „прекршување на тајноста“ пак, со образложение дека не е потврдено дека ги извршил овие кривични дела, донесе ослободителна пресуда.

Судот донесе пресуда за продолжување на апсењето на Метин Топуз.

 



Слични вести