Кај Бодрум-Мугла се спасени 34 нерегуларни мигранти, а кај Каш-Анталија 8 мина бегалци

Екипите на турската крајбрежна стража во близина на Бодрум кај градот Мугла спасија 34 нерегуларни мигранти, а во близина на Каш кај Анталија 8 мина бегалци

1433633
Кај Бодрум-Мугла се спасени 34 нерегуларни мигранти, а кај Каш-Анталија 8 мина бегалци

Во Егејското Море во близина на насленото место, познатото туристичко одморалиште Бодрум кај градот Мугла се спасени 34 нерегуларни мигранти кои се наоѓаа во гумен чамец и кои од страна на екипите на грчката крајбрежна стража биле турнати назад (присилно вратени) кон турските територијални води.

По добиени информации за забележана група нерегуларни мигранти во гумен чамец во близина на островот Караада, на утврдената локација беа испратени екипи на турската крајбрежна стража.

Притоа беа спасени 34 нерегуларни мигранти качени во гумен чамец за кои е установено дека од страна на грчката крајбрежна стража биле турнати назад кон турските територијални води. 

Во близина на населеното место и воедно познато туристичко одморалиште Каш кај градот Анталија пак, од страна на турската крајбрежна стража беа спасени 8 мина заглавени бегалци на еден мал остров кои се обидувале да заминат во странство по незаконски патишта.

Спасените нерегуларни мигранти и бегалци по здравствената контрола и законските постапки им беа предадени на Дирекциите на управијата за миграција во Мугла и во Анталија.



Слични вести