Ердоган: Со поддршка на народот ќе формираме силна дигитална свесност и ќе гледаме со надеж кон иднината

Претседателот Ердоган истакна дека со поддршка на народот ќе се формира силна дигитална свесност и ќе се гледа со надеж кон иднината

1433688
Ердоган: Со поддршка на народот ќе формираме силна дигитална свесност и ќе гледаме со надеж кон иднината

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер привлече внимание кон „дигиталната свесност“.

Ердоган истакна дека со поддршка на народот ќе се формира силна дигитална свесност и ќе се гледа со надеж кон иднината.

„Како Турција не го следиме светот во развој само од далеку, со чекорите коишто ги фрливме во последните 18 години и со реализираните инвестирања доаѓаме во состојба на еден од актерите на новиот процес. Иншаллах (со Аллахова помош) со поддршка на народот ќе формираме силна дигитална свесност и ќе ќе гледаме со надеж кон иднината.“

Шефот на одделот за комуникации на Претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун во објавата којашто ја сподели исто така на својот профил на социјалната мрежа Твитер со Хаштагот „Дигитална свесност“ го напиша следното: „Дигиталниот свет, е свет во кој вистините можат лесно да се променат и да бидат ерозирани. Треба да бидеме внимателни за да стигнеме до вистината.“

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак во споделената објава на својот профил на Твитер по ова прашање го напиша следното: „Сиберот во светот е поголем од пет. Во наши раце е да ја промениме формата, содржината и насоката на играта, воспоставувајќи притоа сибер Обединети нации (ОН) или регионални/меѓународни формации. Со нашите домашни и национални технолошки потфати, нашата економија, надворешна политика, дигитална дипломатија и студијата за национална безбедност, сме спремни за дигиталната иднина. Во наши раце е да ја промениме формата, содржината и насоката на дигиталниот свет како ризница на иднината.“

 



Слични вести