Чавушоглу: Ајасофија не е меѓународно прашање, туку прашање на национален суверенитет на Турција

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Ајасофија не е меѓународно прашање, туку е прашање на национален суверенитет на Турција

1433976
Чавушоглу: Ајасофија не е меѓународно прашање, туку прашање на национален суверенитет на Турција

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу беше гостин во програмата на еден приватен телевизиски канал кадешто даде значајни изјави и притоа меѓу другото покажа реакција против извештајот на Соединетите Американски Држави (САД) во врска со Ајасофија, инаку прашање коешто е актуелно деновиве.

Чавушоглу истакна дека Ајасофија не е меѓународно прашање, туку е прашање на национален суверенитет на Турција.

„Тоа апсолутно не е меѓународно прашање, туку е прашање на национален суверенитет. Никој да не покренува дискусија за верските слободи во Турција.“ - рече Чавушоглу. 

Нагласувајќи дека апсурдно е една земја како Соединетите Американски Држави (САД) да ја распитуваат Турција, Чавушоглу рече: „Во САД постои расизам, непријателство кон муслиманите, непријателство кон странците. Турција пак, го прави точно спротивното. Поведувањето на дискусија во една ваква состојба, поведувањето на дискусија за Ајасофија, па дури и за Ајасофија по 567 години од освојувањето, е смисловно.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу напомена дека во документот на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) не постои било што во врска со намената односно функционирањето на Ајасофија, како џамија или на друг начин. 

Чавушоглу рече: „Едно наше здружение се обрати до Државниот совет кој својата одлука ќе ја донесе на 2 јули. Тоа е наша сопствена сфера на сувереност.“ 

Мевлут Чавушоглу покажа реакција и против Грција по прашањето на правата на верските малцинства во оваа земја, во врска со што го подвлече следното: „Грција е едната од земјите кои што би ни држале лекција по прашањето на верските малцинства не само нам, туку и на светот. Атина е единствената престолнина во Европа во која нема џамија. Во Солун нема џамија којашто е постојано отворена. Муфтиите кои се избрани од страна на турското малцинство во Западна Грција добија казна поради тоа што водеа клањање намаз. Тамошното турско малцинство не може да го користи и името Турчин. Грција по ова прашање е осудена и прогласена за виновна три пати.“



Слични вести