Во воздушна операција на северот на Ирак се неутрализирани 8 терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во реализирана воздушна операција во северниот дел на Ирак се неутрализирани 8 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1433282
Во воздушна операција на северот на Ирак се неутрализирани 8 терористи

Во реализирана воздушна операција од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во северниот дел на Ирак се неутрализирани 8 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека со помош на летала за извидување и набљудување во областите Зап и Хафтанин се утврдени терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организција ПКК.

Во соопштението се вели следното: „Располагаме со елан и одлучност. Продолжуваме да ги срамнуваме со земја пештерите на терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак. Неутрализирани се со ненадејни воздушни операции уште 8 терористи на ПКК кои се утврдени со помош на летала за извидување и набљудување во областите Зап и Хафтанин.“ 

Од друга страна, на турските безбедносни сили им се предадоа и двајца терористи, припадници на ПКК кои избегале од местата за засолнување во северните делови на Сирија и Ирак.



Слични вести