Бројот на оздравените пациенти од Ковид-19 во Турција достигна до 146.839
Во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 17 лица, дијагностицирани се 922 новозаразени, а оздравеа уште 2.241 заболен пациент од вирусот; Досега починаа вкупно 4.746, инфектирани се 173.036, а оздравеа вкупно 146.839 лица

Со секој поминат ден продолжува континуираниот пад, ѝ во бројот на смртните случаи, ѝ во новите случаи на зараза во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19).
Во изминатите 24 часа бројот на смртните случаи се намали на 17 лица со што вкупниот број на починатите достигна до 4.746 лица.
Направени се уште 36.521 тест од кои се дијагностицирани 922 новозаразени, додека вкупниот број на регистрираните случаи на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19) изнесува 173.036 лица.
Заедно со уште 2.241 излекувано лице вкупниот број на оздравените пациенти во Турција се зголеми на 146.839 лица.
Слични вести

Ердоган: „До крајот на 2023 планираме да завршиме 150 подземни брани“
Се надевам дека во Дијарбакир нема да оставиме ниту еден сантиметар земја без вода

Министерот Хулуси Акар: Она што го очекуваме од Грција е да покажува почит кон нашите права
Министерот Хулуси Акар: Она што го очекуваме од Грција е да покажува почит кон нашите права