Турските безбедносни сили продолжуваат да им нанесуваат тешки загуби на терористите

Турските безбедносни сили ги продолжуваат без прекин операциите против терористите, внатре во границите на земјата, во кои им се нанесуваат тешки загуби

1432146
Турските безбедносни сили продолжуваат да им нанесуваат тешки загуби на терористите

Во реализирани операции од страна на командите на жандармеријата во руралните подрачја на населеното место Силопи кај градот Ширнак и населеното место Ариџак кај градот Елазиг, се неутрализирани четворица терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, во рамките на операциите за воспоставување на внатрешната безбедност е реализирана операција во руралното подрачје на населеното место Силопи кај Ширнак, во која се неутрализирани двајца терористи.

Двајца терористи се неутрализирани и во вооружен судир со терористите во областа на планините Ѓоресе во близина на населеното место Ариџак кај градот Елазиг.

Операциите во овие подрачја продолжуваат. 

Во меѓувреме, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека се неутрализирани уште четворица терористи од кои двајца во руралното подрачје на населеното место Силопи кај градот Ширнак и двајца на планините Ѓоресе кај градот Елазиг.

Министерот Сојлу во објавата напиша: "Вкупниот број на терористите внатре во границите на земјата опадна на 445. Иншаллах (со Аллахова помош) тероризмот веќе нема да е судбина на оваа земја. Уште малку трпение и работа." 

Во реализирана операција од страна на градската команда на жандармеријата во руралното подрачје на населеното место Силван кај Дијарбакир пак, се неутрализирани двајца терористи. 

Вчера исто така беа неутрализирани четворица членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои беа утврдени во пограничниот појас со Иран.

Во меѓувреме, установено е дека меѓу неутрализираните 6 терористи во реализираната операција во руралното подрачје на населеното место Оваџик кај градот Тунџели, се наоѓа и терористот по име Садик Акмаз од списокот на барани терористи во категоријата означена со портокалова боја.



Слични вести