Турската крајбрежна стража спаси 41 мигрант кои беа турнати од страна на грчката крајбрежна стража

По добиени информации дека во гумен чамец во близина на населеното место, познатото туристичко одморалиште, Бодрум се наоѓаат нерегуларни мигранти на местото на настанот беа испратени екипи на турската крајбрежна стража

1432094
Турската крајбрежна стража спаси 41 мигрант кои беа турнати од страна на грчката крајбрежна стража

Турската крајбрежна стража во близина на Мугла спаси 41 мигрант кои се наоѓаа во гумен чамец и кои од страна на грчката крајбрежна стража биле турнати назад (присилно вратени) кон турските територијални води.

По добиени информации дека во гумен чамец во близина на населеното место, познатото туристичко одморалиште, Бодрум се наоѓаат нерегуларни мигранти на местото на настанот беа испратени екипи на турската крајбрежна стража.

Притоа беа спасени од морето 41 мигрант кои од страна на грчката крајбрежна стража биле турнати назад (присилно вратени) кон турските територијални води.

Во меѓувреме, од страна на турската крајбрежна стража беа спасени уште 37 мигранти и во близина на населеното место Сеферихисар кај градот Измир.

Донесените мигранти на копно по законските постапки беа испратени во Дирекцијата на управата за миграција во Измир.



Слични вести