Телефонски разговор помеѓу претседателот Ердоган и американскиот претседател Трамп

Двајцата лидери в телефонскиот разговор се осврнаа на билатералните односи и за актуелни регионални случувањата на чело со Сирија, Либија и Источниот Медитеран

1432064
Телефонски разговор помеѓу претседателот Ердоган и американскиот претседател Трамп

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа оствари телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.

Во објавеното соопштение од одделот за комуникации во Претседателскиот кабинет се истакнува дека во телефонскиот разговор помеѓу двајцата лидери, покрај билатералните односи, се разгледани и актуелни регионални случувања на чело со кризата во Либија.

Во соопштението се вели дека претседателот Ердоган ја сподели со претседателот Трамп својата загриженост од соработката на елементите коишто се наоѓаат во позадината на немирите со насилство и грабежите во САД, со терористичката организација ПКК/ПЈД-ЈПГ, која делува во северниот дел на Сирија. 

Во истото соопштение воедно се додава дека, двајцата лидери Ердоган и Трамп одлучија да ја продолжат блиската соработка во воспоставувањето на мирот и стабилноста во Либија, како соседна земја на Турција од море.

Во меѓувреме, заменик портпаролот на Белата Куќа Џуд Дир во објавеното писмено соопштение во врска со остварениот телефонски разговор информира дека двајцата лидери разговараа за победата над епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и последните обиди коишто се вложуваат за повторно профункционирање на економиите на Турција и САД.

Во соопштението се вели следното: „Ердоган и Трамп, разговараа за критични билатерални и регионални прашања на чело со Сирија, Либија и Источниот Медитеран.“



Слични вести