Состанок на Претседателскиот кабинет во претседателската палата во Анкара

Претседателскиот кабинет денеска се состанува за прв пат лице в лице по изминато долго време поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1432273
Состанок на Претседателскиот кабинет во претседателската палата во Анкара

Денеска под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип се одржува состанок на Претседателскиот кабинет. 

За прв пат по изминато долго време состанокот на Претседателскиот кабинет се одржува лице в лице во претседателската палата "Куллијето" во Бештепе во Анкара.

Состанокот започна во 16:00 часот по турско време.

На дневен ред се наоѓаат пред се актуелни прашања како што е напредувањето на либиската армија против милициските сили на пучистот Хафтар, борбата против тероризмот и точката до којашто е дојдено во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

 



Слични вести