Мевлут Чавушоглу: Турција одговори на барањата за помош на 125 земји во борбата против Ковид-19

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција одговори на барањата на 125 земји кои се обратија за помош во борбата поради Ковид-19

1432494
Мевлут Чавушоглу: Турција одговори на барањата за помош на 125 земји во борбата против Ковид-19

Во рамките на Дипломатскиот форум на Анталија на тема „Дигитална дипломатија“, во соработка со Центарот за развивање на меѓународни миграциски политики (ICMRD) се одржа видео конференција на тема „Состојбата на бегалците и другите раселени луѓе, за време на епидемијата: Потребата од меѓународна соработка“.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во говорот што го одржа овде истакна дека глобалната епидемија влијаеше на сите без да прави разлика меѓу земјите.

Чавушоглу напомена дека Турција одговори на барањата на 125 земји кои се обратија за помош поради Ковид-19.

„Во овој процес, макар и на болен начин уште еднаш го сфативме значењето на ефикасната меѓународна соработка против глобалните кризи. Кога ќе се земе во предвид силата и глобалната природа на епидемијата, Турција рано стапи во акција за да им достави помош на другите. Досега одговоривме на барањата за помош на 125 земји. Ќе ги продолжиме нашите активности за помагање.“ - рече Чавушоглу.

Нагласувајќи го значењето на соработката за заштита на бегалците (мигрантите) и раселените лица како најранлива група луѓе пред кризите, Мевлут Чавушоглу истакна дека при разгледување на мултидимензионалните тешкотии постои потреба од инклузивна (сеопфатна), одржлива и посилна меѓународна акција.

Тој рече: „Најпрвин би можеле да започнеме со краткорочни решенија вклучувајќи ги и програмите за парична помош, а со цел намалување на влијанието.“

На видеоконференцијата, освен министерот за надворешни работи учествуваа и ирачкиот министер за надворешни работи Фуад Хусејин, јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади, либанскиот министер за надворешни работи Насиф Хитти, пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Курејши, еврокомесарката за внатрешни работи на Европската унија (ЕУ) Илва Јохансон, високиот комесар на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) Филипо Гранди, потоа поранешниот австриски министер за надворешни работи Карин Кнајси и заменичката директорка на Светската здравствена организација (СЗО) Зузана Јакаб.

 



Слични вести