Во Турција оздравеа уште 3.411 заболени од Ковид-19, досега се излекувани вкупно 141.380

Во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 19 лица, дијагностицирани се 989 новозаразени, а оздравеа уште 3.411 заболени пациенти од вирусот; Досега починаа вкупно 4.711, инфектирани се 171.121, а оздравеа вкупно 141.380 лица

1431890
Во Турција оздравеа уште 3.411 заболени од Ковид-19, досега се излекувани вкупно 141.380

Со секој поминат ден продолжува континуираниот пад, ѝ во бројот на смртните случаи, ѝ во новите случаи на зараза во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Во изминатите 24 часа бројот на смртните случаи се намали на 19 лица со што вкупниот број на починатите достигна до 4.711 лица.

Направени се уште 39.361 тест од кои се дијагностицирани 989 новозаразени.

Вкупниот број на регистрираните случаи на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19) изнесува 171.121 лице.

Заедно со уште 3.411 излекувани вкупниот број на оздравените пациенти кои досега се отпуштени од болница во Турција се зголеми на 141.380 лица.



Слични вести