Турската крајбрежна стража спаси 36 турнати мигранти од страна на грчката крајбрежна стража

Турската крајбрежна стража спаси од водите на Егејското Море 36 мигранти кои од страна на грчката крајбрежна стража беа турнати назад кон турските територијални води

1431756
Турската крајбрежна стража спаси 36 турнати мигранти од страна на грчката крајбрежна стража

Од водите на Егејското Море во близина на населеното место Ајваџик кај градот Чанаккале се спасени 36 мигранти кои од страна на грчката крајбрежна стража биле турнати назад (присилно вратени) кон турските територијални води.

Групата мигранти отпловиле од брегот кај населеното место Ајваџик и се обиделе да преминат на грчкиот остров Лезбос (турски Мидилли).

Меѓутоа додека 36-те мигранти од различни земји пловеле качени на гумен чамец биле забележани од страна на екипите на грчката крајбрежна стража и биле турнати назад (присилно вратено) кон турските територијални води, по што побарале помош.

По утврдување на нивната локација со беспилотни летала (ИХА) на местото на настанот беа испратени екипи на турската крајбрежна стража.

Мигрантите беа пронајдени во близина на селото Бабакале од кадешто беа извадени на копно.

Спасените 36 мигранти меѓу кои имаше и жени и деца беа донесени во станицата на крајбрежната стража во месноста Ќучуккују кадешто им беше раздадена храна и им беше дадена облека.



Слични вести