Претседателот Ердоган: Во процесот на борбата против коронавирусот им доставивме помош на 102 земји во светот

Претседателот Ердоган истакна дека Турција во процесот на борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) им достави помош на 102 земји во светот

1431963
Претседателот Ердоган: Во процесот на борбата против коронавирусот им доставивме помош на 102 земји во светот
Cumhurbaşkanı Erdoğan TRT Özel Ortak Yayın 2.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan TRT Özel Ortak Yayın 3.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган гостуваше во специјална заедничка програма на телевизиските канали на Турската радио и телевизија ТРТ кадешто одговараше на прашања посветени на актуелниот дневен ред во однос на бројни теми.

Претседателот Ердоган раскажа за борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) којашто наиде на интересирање во целиот свет.

Ердоган истакна дека во процесот на борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) им е доставена помош на 102 земји во светот.

„Неволјата на коронавирусот, навистина не само Турција , влијаеше на целиот свет. Има штети коишто ги предизвика меѓу земјите во светот. Претрпеа сериозни штети пред се САД, Кина, Русија. Во Соединетите Американски Држави (САД се говори за 45 милиони невработени. Хамдолсун (фала му на Аллах) ние во Турција во првиот квартал сме број 1 во светот. Во растот доловивме процент од околу 4,5 отсто. Не ја прекинавме и борбата против тероризмот, продолжуваме на ист начин. Во здравството пак, им испративме медицинска помош на 102 земји.“ - рече Ердоган. 

Нагласувајќи дека со производството на домашниот и националниот апарат за дишење (респиратор) почнаа да пристигнуваат интензивни порачки, претседателот Ердоган воедно информира дека се работи и на пронаоѓање вакцина и лек против Ковид-19.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган исто така ја даде и радосната вест дека со остварените пробиви (достигнувањата) во сферата на здравствениот туризам ќе биде покриена загубата во сезонскиот туризам предизвикана од епидемијата.

Претседателот Ердоган меѓу другото ги раскажа и деталите на остварениот телефонски разговор оваа вечер со американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој истакна дека би можел да започне еден нов период во процесот помеѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Турција.

„Му ги доставивме имињата (кои избегаа во САД) на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО). И тој ни рече дека ќе ги добие испратените информации и ќе го направи неопходното.“ - рече Ердоган.

Велејќи дека со Трамп разговарале и по прашањето на процесот на транзиција во Либија, претседателот Ердоган рече: „Турција го поддржува (либискиот премиер) Сараџ кој е признат од страна на Обединетите нации. Против него се наоѓа пучистот Хафтар. Ѝ кој и да би зазел место на покрај Хафтар ние стоиме против него. Заклучно со сега се заземени голем број места. Тоа го излуде Хафтар. Тие бегаат. Сараџ и неговата екипа ги гони. Сега се работи на заземање на Сирте. Целта е да се заземе околината на Сирте и Сирте да се стави под контрола. Тоа ја вознемирува Русија. Хафтар нема таква грижа целата негова моќ доаѓа од Русија. По нашиот разговор (со Трамп) би можел да започне еден нов период во врска со процесот помеѓу САД и Турција, постигнавме согласност.“ 

Ердоган воедно нагласи дека случувањата во Либија ќе ги постави на маса и со рускиот претседател Владимир Путин.

На едно поставено прашање во врска со Афроамериканецот Џорџ Флојд кој го загуби животот го полициско насилство на 25 мај во градот Минеаполис, во сојузната држава Минеста, во Соединетите Американски Држави (САД), претседателот Ердоган одговори со зборовите „Убиството на Џорџ Флојд претставува манифестација на расистички приод. Тоа е состојба којашто не би можела да ја прифати ниту еден совесен човек.“ 

По прашањето на групата „АНТИФА“ пак која предизвикува немири со насилство во антирасистичките протести во САД пак, Ердоган го рече следното: „Смисловно е тоа што сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ се заедно со терористичката организација наречена Антифа, во САД. Тоа му го кажав на господинот Трамп.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган даде остар одговор и на гласовите коишто се повишуваат во последните денови од Грција по прашањето на Ајасофија, во врска со што рече: „Велат да не ја пренамениме Ајасофија во џамија. Зарем вие управувате со Турција или управуваме ние? Прибери се малку. Ако не си го знаеш лимитот, онашто ќе го направи Турција се знае.“



Слични вести