Претседателот Ердоган: Би можел да започне еден нов период во процесот помеѓу САД и Турција

Претседател Ердоган истакна дека би можел да започне еден нов период во процесот помеѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Турција

1431978
Претседателот Ердоган: Би можел да започне еден нов период во процесот помеѓу САД и Турција

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган гостуваше во специјална заедничка програма на телевизиските канали на Турската радио и телевизија ТРТ кадешто одговараше на прашања посветени на актуелниот дневен ред во однос на бројни теми.

Претседателот Ердоган меѓу другото ги раскажа и деталите на остварениот телефонски разговор оваа вечер со американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој истакна дека би можел да започне еден нов период во процесот помеѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Турција.

„Му ги доставивме имињата (кои избегаа во САД) на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО). И тој ни рече дека ќе ги добие испратените информации и ќе го направи неопходното.“ - рече Ердоган.

Велејќи дека со Трамп разговарале и по прашањето на процесот на транзиција во Либија, претседателот Ердоган рече: „По нашиот разговор би можел да започне еден нов период во врска со процесот помеѓу САД и Турција, постигнавме согласност.“ 

Ердоган воедно нагласи дека случувањата во Либија ќе ги постави на маса и со рускиот претседател Владимир Путин.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган даде остар одговор и на гласовите коишто се повишуваат во последните денови од Грција по прашањето на Ајасофија, во врска со што го рече следното: „Велат да не ја пренамениме Ајасофија во џамија. Зарем вие управувате со Турција или управуваме ние? Прибери се малку. Ако не си го знаеш лимитот, онашто ќе го направи Турција се знае.“

 



Слични вести