Од почетокот на епидемијата на Ковид-19 во Турција донесени над 80 илјади граѓани

Немојте да правите толку лоши шеги, бидејќи истите ќе ви се залепат на челото

1431867
Од почетокот на епидемијата на Ковид-19 во Турција донесени над 80 илјади граѓани

Портпаролоот на владејачката Партија за правда и развој (АКП) Омер Челик рече дека од почетокот на појавата на епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Турција, од 128 земји во светот во Турција беа донесени над 80 илјади граѓани.

Челик одржа прес конференција во врска со состанкот на Централниот одлучувачки и управен одбор на Партијата за правда и развој кој се одржа под претседателство на претседателот на државата и претседател на партијата реџеп Тајип Ердоган во седиштето на партијата во Анкара.

Челик во говорот рече дека од 1 јуни наваму во Турција беа донесени посмртните остатоци на 454 турски граѓани од 558 колку што умреа од Ковид-19 во странство.

Челик направи осврт и на расистичките напади во Европа кои беа разгледани на состнокот.

Од почетокот на годинава досега во Европа се забележани над 65 расистички и напади против исламот. 38 од нив беа насочени против турските џамии и здруженија. Сите оние коишто ги занемаруваат овие фашисти, на крајот ќе бидат принудени да се соочат со фактите, рече Челик.

Во врска со изјавата „спремни сме за војна“ на грчкиот министер за одбрана, портпаролот Челик рече:

„Немојте да правите толку лоши шеги, бидејќи истите ќе ви се залепат на челото. “



Слични вести