Во операција кај градот Тунџели се неутрализирани 6, а на северот на Ирак четворица терористи

Бројот на неутрализираните терористи во реализираната операција во руралното подрачје на Оваџик кај градот Тунџели се зголеми на 6 мина, а во воздушна операција во областа Авашин на северот на Ирак се неутрализирани четворица терористи

1431171
Во операција кај градот Тунџели се неутрализирани 6, а на северот на Ирак четворица терористи

Бројот на неутрализираните терористи во реализираната операција против сепаратистичко-терористичката организација ПКК на 31 мај во руралното подрачје на населеното место Оваџик кај градот Тунџели, се зголеми на 6 мина терористи.

Во објавеното соопштение од страна на Министерството за внатрешни работи се потсетува дека во реализираната воздушна операција во руралното подрачје на населеното место Оваџик кај градот Тунџели беа неутрализирани тројца вооружени терористи и се вели следното: „За време на денешните активности за пребарување на теренот во операцијата којашто продолжува е установено дека се неутрализирани уште тројца неутрализирани терористи. На тој начин бројот на неутрализираните терористи во реализираната операција во руралното подрачје на населеното место Оваџик кај градот Тунџели, се зголеми на 6 мина терористи.“

Во соопштението на министерството воедно се истакнува дека заедно со неутрализираните 6 мина терористи се запленети и 2 пешадиски пушки М-16, една пешадиска пушка АК-47, 3 рачни бомби, еден голем уред за безжична комуникација (токи-воки) и голема количина муниција и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите.

Во меѓувреме, и во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека во реализирана воздушна операција преку границата, во областа Авашин во северниот дел на Ирак, се неутрализирани четворица терористи на сепаратистичко-терористичката организцаија ПКК кои се утврдени со летала за извидување и набљудување.

 



Слични вести