Видео порака од Фархреттин Алтун: Го видовме вистинското лице на Антифа

Фахреттин Алтун истакна дека Антифа е замешана во насилствата на протестите во САД и ја изнесе следната констатација: „Го видовме вистинското лице на Антифа која е во соработка со терористичките групи во Сирија“

1430910
Видео порака од Фархреттин Алтун: Го видовме вистинското лице на Антифа

Шефот на одделот за комуникации во Претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун сподели видео порака на својот профил на социјалната мрежа Твитер во која истакна дека е видено вистинското лице на Антифа за којашто по протестите коишто започнаа по смртта на Афроамериканецот Џодџ Флојд во полициско насилство американскиот претседател Доналд Трамп рече дека планира да ја прогласи за „терористричка организација“.

Алтун во споделената видео порака истакна дека Антифа е замешана во насилствата на протестите коишто се проширија насекаде низ САД и ја изнесе следната констатација: „Го видовме вистинското лице на Антифа која е во соработка со терористичките групи во Сирија и која реализира напади со насилство низ светот.“

Во видео пораката и се одделува место и на врската помеѓу Антифа и сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Се објаснува дека Антифа создава хаос за обезбедување интерес од мирољубивите протести, а воедно се укажува дека Анкара чувствува голема загриженост од „разорните акции“ коишто се реализираат во НАТО сојузникот САД, од страна на оваа организација позната како „радикална левичарска“ и „анархистичка“. Исто така се вели дека се чувствува голема загриженост од поврзаноста на Антифа со терористичките организации кои се закануваат на националната безбедност на Турција. 

Во споделеното видео од страна на шефот на одделот за комуникации во Претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун се подвлекува дека Антифа ја споделува истата идеологија со сепаратистичко-терористичката организација ПКК и се додава дека ЈПГ пак, сирискиот огранок на ПКК, обучува голем број членови на Антифа.



Слични вести