Сулејман Сојлу: Турција стана земја која управува најуспешно со процесот во борбата против Ковид-19

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу истакна дека Турција, од здравствениот систем до јавната администрација, стана земја која управува најуспешно со процесот во борбата против Ковид-19

1431107
Сулејман Сојлу: Турција стана земја која управува најуспешно со процесот во борбата против Ковид-19

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во говорот што го одржа на состанокот за хуманитарна помош за Идлиб истакна дека Турција стана земја која управува најдобро со процесот во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Сојлу рече: „И покрај тоа што поради коронавирусот делумно опадна од дневен ред прашањето со Идлиб (во Сирија), за жал тамошните услови не се подобрени само по себе или ова прашање не е решено. Ѝ покрај нас, ѝ пред очите на светот се доживува една сериозна човечка драма.“

„Светот кој во деновите на коронавирусот тврдеше дека живееме во свет на љубов со правење музика едни кон други на терасите и со аплаудирање, не треба да им сврти грб на случувањата во Идлиб. Како прво секој треба да разбере дека проблемот овде не е проблем само на Турција и на луѓето кои овде се соочуваат со тешкотии, туку е проблем на целиот свет и на човештвото.“ - рече Сулејман Сојлу.

Во врска со активностите коишто се преземаат во рамките на борбата против Ковид-19, Сојлу ја изнесе следната констатација: „Турција, од здравствениот систем до јавната администрација стана земја која управува најуспешно со овој процес.“

Велејќи дека Турција управува успешно со процесот на Ковид во рамките на бранот на миграцијата, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу рече: „Благодарение на мерките коишто ги преземаме не е доживеана било каква опасност во врска со сириските бегалци во точката на случаите на зараза и пренесувањето на вирусот. Не е доживеана било каква опасноста кај нашите граѓани мигранти во нашите кампови и во центрите за враќање назад.“

 



Слични вести