Реакции со осуда од Турција против случајот со закачување на византиско знаме на џамија во Ларнака во кипарско-грчкиот дел

По случајот со закачување византиско на џамијата Тузла во градот Ларнака во јужниот кипарско-грчки дел пристигнаа реакции со осуда од страна на Потпретседателот Фуат Октај и портпаорлот во Претседателскиот кабинет Ибрахим Калин

1431184
Реакции со осуда од Турција против случајот со закачување на византиско знаме на џамија во Ларнака во кипарско-грчкиот дел

Потпретседателот Фуат Октај го осуди случајот со закачување на византиско знаме на џамијата Тузла во градот Ларнака во јужниот кипарско-грчки дел.

Октај во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Повторно провокација со византиско знаме закачено на џамијата Тузла во Ларнака. Кипарско-грчката управа треба да престане со охрабрување на непријателството против Турците и исламот за кое се водат обиди во последно време за негово заживување од страна на извесни мрачни средини, во јужниот дел на островот. Треба на брз начин да ги стави во примена мерките коишто ќе се испречат пред овој болен менталитет.“

Портпаролот во Претседателскиот кабинет Ибрахим Калин исто така во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер го осуди закачувањето на византиско знаме на џамијата Тузла во градот Ларнака во јужниот кипарско-грчки дел.

Калин го напиша следното: „По фрлениот молотов коктел на дворот на џамијата Ќопрулу во Лимасол во Кипар, остро го осудуваме случајот со закачување на византиско знаме на ѕидот на џамијата Тузла во Ларнака и ја повикуваме кипарско-грчката управа веднаш да ги пронајде извршителите. Не може да се покаже толеранција кон непријателството против исламот.“



Слични вести