Пофалби од британски „BBC“ за борбата на Турција против епидемијата на Ковид-19

Британскиот информативен сервис „ББС“ („BBC“) упати пофалби на напорите коишто ги води Турција против пандемијата и нагласи дека Таа остави зад себе голем број земји и во борбата против Ковид-19

1431073
Пофалби од британски „BBC“ за борбата на Турција против епидемијата на Ковид-19

Успехот што го постигнува Турција во борбата против пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) која го зафати целиот свет, продолжува да зазема место во светскиот печат.

Британскиот информативен сервис „ББС“ („BBC“) во веста што ја објави упати пофалби на напорите коишто ги води Турција против пандемијата и нагласи дека Таа остави зад себе голем број земји и во борбата против Ковид-19.

Во веста на „ББС“ се нагласува дека „во Турција не се случи тоа што се стравуваше“ и им се одделува место на размислувањата на професорот на одделот  за вирологија при Универзитетот во Кент д-р Џереми Росман.

Д-р Џереми Росман, подвлекувајќи дека Турција со направените тестирања, следењето, изолацијата и ограничувањата влезе во категоријата на земји кои реагираа доста брзо против пандемијата, нагласува дека бројот на земјите кои на ефикасен начин го намалија ширењето на вирусот и не е премногу голем.

Освен тоа, во веста се привлекува внимание и на констатацијата на вршителот на должноста претставник на Светската здравствена организација (СЗО) во Турција д-р Иршад Али Шаик кој вели дека „Постојат лекции коишто Турција може да му ги понуди на светот во однос на народното здравство.“

На крајот на веста на британски „ББС“ („BBC“) се додава следното: „Турција се смета како приказна за успех. Се уште се преземаат голем број мерки, бидејќи приказната не е завршена.“



Слични вести