Претседателот Ердоган: „Економијата почна да се движи со полна пареа“

Браната Јусуфбели ќе достигне височина од 275 метри и гледано од тој аспект ќе биде прва брана во Турција, а трета во светот

1430716
Претседателот Ердоган: „Економијата почна да се движи со полна пареа“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека тркалата на економијата почнаа да се тркалаат со полна пареа.

Претседателот Ердоган на свеченото фрлање на 3 милионскиот бетон на браната Јусуфели во Артвин, проектот за наводнување Демирозу во Бајбурт, пуштањето во употреба на 5-от дел на мелиорацијата на Ѓунејсу Илчелери и долината Ташлидере во Ризе учествуваше преку видео конференција.

Во говорот во оваа прилика Ердоган рече дека браната Јусуфели претставува целосно остварување на турските инженери.

„Овој проект ќе обезбеди годишен допринес од 1 милијарда 500 милиони турки лири на нашата економија.

Турција продолжува со урамнотежено спроведување на процесот на нормализација кон секојдневниот живот во борбата против новиот тип на коронаврусот и во тие рамки тркалата на економијата почнаа да се тркалаат со полна пареа. Со спроведување на заштитните мерки протв Ковид-19 како што се задолжително носење маски, социјалното дистанцирање, хигиената, интензивно се адаптираме на нормалниот живот во новиот период, поради што полицискиот час за викендите го укинавме во 15 градови.

Турција во периодот на епидемијата имаше можност да целиот свет да му покаже дека е голема држава и тоа како од аспект на индустријата, технологијата,дизајнот, трговијата инфраструктурните услуги, исто така и од аспект на човечкиот и хуман став.

Со завршувањето на изградбата, телото на браната Јусуфбели ќе достигне височина од 275 метри и гледано од тој аспект ќе биде прва брана во Турција, а трета во светот.



Слични вести