Министерот за здравство Фахреттин Коџа одржа онлајн состанок со амбасадорите на 26 земји членки на ЕУ

Министерот за здравство Фахреттин Коџа истакна дека процесот на новиот тип коронавирус (Ковид-19) покажа дека Турција ќе и придаде голема моќ на Европската унија (ЕУ) и во сферата на здравството, а не само во политичката и економската сфера

1430750
Министерот за здравство Фахреттин Коџа одржа онлајн состанок со амбасадорите на 26 земји членки на ЕУ

Министерот за здравство Фахреттин Коџа на одржаниот онлајн состанок со амбасадорите на 26 земји членки на Европската унија (ЕУ) им раскажа за борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19). 

Министерот Коџа потсети дека полноправното членство во Европската унија (ЕУ) претставува стратешка цел на Турција.

Коџа истакна дека процесот на новиот тип коронавирус (Ковид-19) покажа дека Турција ќе и придаде голема моќ на Европската унија (ЕУ) и во сферата на здравството, а не само во политичката и економската сфера.

Фахреттин Коџа информираше за преземените мерки и методите на дијагностицирање и лекување уште од првиот ден на епидемијата и напомена дека благодарение на протоколите за рано лекување процентот на развој на пневмонија кај хоспитализираните пациенти од 60 отсто е намален на 3 отсто со што стапката на сртност кај пациентите на интензивна нега од 58 отсто е опаднат до 7 отсто.

Потсетувајќи дека Турција даде поддршка во снабдувањето со медицински материјали на чело со комплети за дијагноза и опрема за лична заштита за 102 земји и некои меѓународни организации, Коџа рече дека како додаток на опремата за лична заштита е произведен и апарат за дишење (респоратор) и до денеска е остварен извоз на 4.000 апарати за дишење.

„Европската унија (ЕУ) која од секоја криза којашто ја доживеа до сега успеа да излезе уште посилна, верувам дека со презентирање на примерна солидарност ќе излезе посилна и од оваа криза“, министерот за здравство Фахреттин Коџа информира дека со укинување на ограничувањата за 10 дена во Турција дојдоа повеќе од 1.000 меѓународни пациенти.



Слични вести