Министерот Акар: „Турција одлучна во заштитата на своите права и интереси“

Сите проблеми сакаме да ги решиме во рамките на добрососедските односи, меѓусебна добра волјам респект, љубов, љубезност, без меѓусебна провокација, злоупотребување или занемарување на правото на спротивната страна, по мировни патишта

1430789
Министерот Акар: „Турција одлучна во заштитата на своите права и интереси“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече:

„Репулика Турција е амбициозна, одлучна и способна во заштитата на своите права и интереси.“

Министерот Акар на вчерашниот состанок со началникот на ГШ генерал на армија Јашар Ѓулер и командантите на вооружените сили што го одржа во пограничната област кај Шанлиурфа рече дека Турција со своите воооружени сили, сите проблеми и прашања во Егејското море, Источниот Медитеран и Кипар сака да ги реши согласно меѓународното право.

Сите проблеми сакаме да ги решиме во рамките на добрососедските односи, меѓусебна добра волјам респект, љубов, љубезност, без меѓусебна провокација, злоупотребување или занемарување на правото на спротивната страна, по мировни патишта.

Една турска делегација двапати престојуваше во посета на Атина, една грчка делегација еднаш дојде во Анкара, потсети Акар и упати повик за повторно доаѓање на соговорничката делегација.

Турција е на страната на одржувањето на дијалогот и преговорите.

Ние направивме се што е во наша можност на тоа поле, исто така сме спремни да направиме се што е во наша можност и во иднина. Но исто така сме одлучни и способни во заштитата на сите права, интереси на сите 83 милиони граѓани, нашиот голем народ, Република Турција како држава. Ова не е никаква закана или провокација“ рече Акар.



Слични вести