Захарова: Повеќестраната соработка помеѓу Турција и Русија може да послужи за пример

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова истакна дека со повеќестраната соработка со Турција се постигнуваат значајни резултати

1429906
Захарова: Повеќестраната соработка помеѓу Турција и Русија може да послужи за пример

Русија истакна дека повеќестраната соработка со Турција има значајни резултати.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова на одржаната прес конференција направи проценка на изјавата на Метју Палмер, висок фунцкионер на Државниот секретаријат на САД (Стејт Департментот) во однос на тоа дека Вашингтон чувствува загриженост од желбата на Турција за зајакнување и проширување на соработката со Русија.

Захарова рече: „Значајните резултати на нашата повеќестрана соработка (со Турција) беа можни благодарение на воспоставувањето на односи на основа на меѓусебното почитување, на обостран интерес и без притисок и присилба."

Велејќи дека во Вашингтон е заборавено што значи зборот "обострана почит", Захарова укажа на тоа дека повеќестраните односи помеѓу Турција и 3би можеле да послужат за пример.

Правејки проценка и во врска со ситуацијата во Сирија, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова потсети дека во подрачјето на Зоната за намалување на затегнатоста (деескалациската зона) во Идлиб се применува прекин на огнот, а воедно додаде дека продолжуваат и заедничките турско-руски воени патроли во ова подрачје.



Слични вести