Во реализирани операции во земјата и преку границата се неутрализирани 8 терористи

Продолжуваат без прекин операциите против терористите како внатре во границите на земјата, така и преку границата во чии рамки се неутрализирани уште 8 терористи

1430132
Во реализирани операции во земјата и преку границата се неутрализирани 8 терористи

Во реализирани воздушни операции во северниот дел на Ирак се неутрализирани четворица терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер се истакнува дека со воздушни операции се неутрализирани четворица терористи кои со помош на летала за извидување и набљудување биле утврдени во областите Хафтанин, Авашин и Зап во северниот дел на Ирак.

Во објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи пак, се истакнува дека под координација на градската команда на жандармеријата во руралното подрачје на населеното место Омерли кај градот Мардин е реализирана операција во која учествуваа специјални жандармериски сили, жандармериски командоси и безбедносни чувари. 

Во операцијата се неутрализирани двајца терористи, а е запленета голема количина муниција.

Во меѓувреме, и во реализирана операција во руралното подрачје на населеното место Бајкан кај градот Сиирт се неутрализирани двајца терористи.

 



Слични вести