(Видео) Спасувањето на бегалците кои беа турнати од грчката крајбрежна стража

Меѓу бегалците кои беа спасени имаше жени и деца

1430138
(Видео) Спасувањето на бегалците кои беа турнати од грчката крајбрежна стража

Пред крајбрежјето на Ајваџик кај Чанаккале спасени 50 бегалци кои од страна на грчката крајбрежна стража беа турнати во морето и принудени да се вратат во турските територијални води.

Групата бегалци која се обидуваше да премине на островот Мидилли (Лезбос), со гумени чамци од крајбрежјето на Ајваџик се отворија кон морето.

Откако одреден период напредуваа со гумените чамци, екипите на Грчката крајбрежна стража почнаа да ги туркаат назад и ги принудуваа да се вратат назад во турските територијални води. Врз база на случувањата, бегалците побараа помош.

Екипите на Командата на турската крајбрежна стража кои тргнаа кон местото на настанот, во морето пред крајбрежјето на селото Бехрамкале спасија 50 лица.

На бегалците кои беа донесени во станицата на крајбрежната стража во општината Ќучуккују, а меѓу кои имаше жени и деца, им беше пружена помош во јадење и облека.



Слични вести