Турција му испрати медицинска помош на Нигер за борба против Ковид-19

Министерството за национална одбрана соопшти дека воениот карго авион на Турските вооружени сили (ТВС) натоварен со медицински материјали за борба против коронавирусот слета во Нигер

1429799
Турција му испрати медицинска помош на Нигер за борба против Ковид-19
Türkiye'den nijer'e yardım.jpg

Турција му испрати медицинска помош на Нигер, за поддршка во борбата на оваа ззападноафриканска држава против новиот тип коорнавирус (Ковид-19).

Министерството за национална одбрана соопшти дека воениот карго авион на Турските вооружени сили (ТВС) натоварен со медицински материјали за борба против коронавирусот слета во Нигер.

Турскиот воен карго авион со медицинска помош беше пречекан од страна на министерот за хуманитарна помош на Нигер Лауан Магаги и амбасадорот на Турција во Нигер Мустафа Туркер Ари.

На функционерите на Нигер заедно со доставената медицинска помош им е предадено и писмото коешто претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го напиша до претседателот на Нигер Махамаду Исуфу.

 



Слични вести