Турција и донираше заштитни маски на Андора за борба против коронавирусот

Амбасадорот на Турција во Мадрид Џихад Ергинај и Генералниот конзул на Браселона Ѓучлу Калафат, пратката со заштитни маски за борба против коронавирусот и ја предадоа на министерката за надворшени работи на Андора Марија Убах Фонт

1429813
Турција и донираше заштитни маски на Андора за борба против коронавирусот

Турција и испрати медицинска помош на Андора (мала држава во југозападна Европа), за поддршка во борбата на оваа земја против новиот тип коорнавирус (Ковид-19).

Амбасадорот на Турција во Мадрид Џихад Ергинај и Генералниот конзул на Браселона Ѓучлу Калафат, пратката со заштитни маски за борба против коронавирусот и ја предадоа на министерката за надворшени работи на Андора Марија Убах Фонт.

На профилите на Амбасадорот на Турција во Мадрид и Генералниот конзулат на Браселона на социјалната медија Твитер беа споделени објави во кои пишуваше „Турција продолжува да е знаменосец на меѓународната солидарност во борбата против Ковид-19.“

Исто така и министерката за надворшени работи на Андора Марија Убах Фонт во пораката што ја сподели на својот профил на Твитер го напиша следното: „Голема благодарност до Министерството за надворешни работи на Турција и на Дилма текстил за донацијата во маски.“



Слични вести