Седат Онал: Турција е единствената земја која се бори гради в гради против терористичката организација ДЕАШ
Заменик министерот за надворешни работи Седат Онал истакна дека Турција е единствената земја која се бори гради в гради против терористичката организација ПКК и тоа по цена и на давање шехиди (жртви)


Заменик министерот за надворешни работи Седат Онал учествуваше на состанокот на Малата група министри за надворешни работи на Меѓународната коалиција за борба против терористичката организација ДЕАШ што се одржа преку видеоконференција.
Онал истакна дека Турција е единствената земја која се бори гради в гради против терористичката организација ДЕАШ и тоа по цена и на давање шехиди (жртви).
Седат Онал подвлече дека Турција се наоѓа во челните редови во борбата против ДЕАШ и го рече следното: „Турција е единствената земја која се бори гради в гради против терористичката организација ДЕАШ и тоа по цена и на давање шехиди (жртви).“
Привлекувајќи внимание на значењето на применувањето на троножната визија којашто се предложува во борбата против ДЕАШ (редовното споделување на податоци и информации, борба против причините коишто доведоа до појава на ДЕАШ и работење-соработка со легитимни локални партнери), Онал ја потцрта потребата да се работи-соработува со локални партнери во борбата против тероризмот и да се води борба против секој вид тероризам.
Заменик министерот за надворешни работи Седат Онал истакна дека спротивно на милициските сили на Халифа Хафтар, пучистичкиот лидер на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија, Турција, во склопот на доставеното барање од спротивната страна и соодветната резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) ја поддржува легитимната Влада на Либија и вложува напори за воспоставување на мирот и стабилноста.
Во објавеното соопштение на крајот на состанокот е регистрирана неопходноста за реализирање на борбата против терористичката организација ДЕАШ во соработка само со легитимни локални партнери.