Продолжува падот на смртните случаи и новоинфектираните од Ковид-19 во Турција

Просечната возраст на луѓето коишто умреа поради Ковид-19 во последните месец дена изнесуваше 74.6 години

1430395
Продолжува падот на смртните случаи и новоинфектираните од Ковид-19 во Турција

Продолжува падот на смртните случаи и новоинфектираните од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Турција.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Турција во последните 24 часа се намали на 18 лица и вкупно изнесува 4 648 лица.

Во истиот период беа остварени 57 829 тестови од кои 930 беа позитивни.

Со подобрувањето на здравствената состојба на уште 1 622 пациентı, вкупниот број на оздравените пациенти кои беа отпуштени од болница изнесува 133 400 лица.

Министерот за здравство Фахретин Коџа рече дека просечната возраст на луѓето коишто умреа поради Ковид-19 во последните месец дена изнесуваше 74.6 години, од кои 93 отсто беа над 65 годишна возраст.



Слични вести