Министерот Акар и командантите вршат смотра на граничните единици и позиции

Акар и командниот кадар на ТВС, освен средбите лице во лице одржаа и систаноци преку видео конференции.

1430192
Министерот Акар и командантите вршат смотра на граничните единици и позиции

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар заедно со високиот команден кадар на Турските вооружени сили (ТВС) вршат контрола на граничните едници и позиции.

Министерот Акар и командантите во негова придружба, Началникот на ГШ генерал на армија Јашар Ѓулер, командантот на копнените сили генерал на армија Умит Диндар, командантот на воздушните сили генерал на армија Хасан Ќучукакјуз и командантот на поморските сили адмиралот Аднан Озбал заминаа за Шанлиурфа.

Акар и командантите на аеродромот ГАП Шанлиурфа беа пречекани од страна на гувернерот на градот Абдулах Ерин и командантот на 2-та армија, Гернерал-полковникот Синан Јајла и други високи бирократи, од каде што веднаш заминаа во контрола на пограничните единици и позиции.

Акар и командниот кадар на ТВС, во рамките на сеопфатната контрола на пограничните единици, освен средбите лице во лице одржаа и систаноци преку видео конференции.

Акар и командантите продолжуваат со контролата и испитувањето на пограничните единици и позиции.

Претседателот на републиката Реџеп Тајип Ердоган на состанокот на министерот Акар и командантите на вооружените сили во пограничното подрачје учествуваше преку телефон и им честиташе ма командантите за нивната ангажираност.

Претседателот Ердоган во оваа прилика рече: „Случувањата на северот на Ирак, зоната извор на мирот во Сирија, Идлиб и Либија го покажаа високото ниво на вашиот ангажман и перформанс.

Се надевам дека ова наше единство и солидарност ќе го воодушеви светот и ќе ја зајакне нашата позиција во рамките на НАТО.“



Слични вести