Ердоган: Нашите војници во Либија заедно со нивните либиски браќа напредуваат кон поставените цели

Претседателот Ердоган истакна дека турските војници во последните неколку дена во Либија заедно со нивните либиски браќа напредуваат кон поставените цели

1430304
Ердоган: Нашите војници во Либија заедно со нивните либиски браќа напредуваат кон поставените цели

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој учествуваше на свеченото отворање на уште 10-те новоизградени Народни градини во говорот што го одржа овде се осврна за низа актуелни прашања.

Ердоган истакна дека до крајот на 2023 година 81-от округ (град) ќе бидат украсени со Народни градини и го рече следното: „На патот кон 100 годишнината на Републиката (2023) чекор по чекор се доближуваме кон нашата цел за изградба на Народни градини со површина од 81 милион квадратни мери во нашиот 81 град.“ 

Правејќи проценка на успехот што го постигнува Турција во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19), претседателот Ердоган рече: „Ние, фала му на Аллах, во периодот на епидемијата му покажавме на целиот свет дека сме голема држава.“

Тој се осврна и на успешната борба којашто се води против пучистот Халифа Хафтар во Либија, во врска со што го рече следното: „Нашите војници во последните неколку дена во Либија заедно со нивните либиски браќа напредуваат кон поставените цели“.



Слични вести