Во реализираните операции во месец мај во границите на земјата се неутрализирани 78 терористи

Заменик министерот за внатрешни работи и портпарол на министерството Исмаил Чатакли истакна дека во реализираните операции против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во месец мај се неутрализирани вкупно 78 терористи

1429465
Во реализираните операции во месец мај во границите на земјата се неутрализирани 78 терористи

Во рамките на реализираните операции против сепаратистичко-терористичката организација ПКК за воспоставување на безбедноста внатре во границите на земјата, во месец мај се неутрализирани вкупно 78 терористи, а се уништени и доведени во неупотреблива состојба и 403 засолништа, скривници и пештери на терористите.

Заменик министерот за внатрешни работи и портпарол на министерството Исмаил Чатакли ги соопшти најновите податоци во врска со борбата против тероризмот при што истакна дека меѓу неутрализираните 78 терористи во месец мај, четворица се наоѓаат на списокот на барани терористи во категоријата означена со портокалова боја, 8 во категоријата означена со сива боја и еден терорист т.н. одговорен за Херекол.

Чатакли информира дека во реализираните операции се уништени и доведени во неупотреблива состојба и 403 засолништа, скривници и пештери на терористите.

Во соопштението на Министерството за внатрешни работи се нагласува дека приклучувањето кон терористичката организација е на најниско ниво во историјата на оваа организација.

Според тоа, приклучувањето кон сепаратистичко-терористичката организација ПКК во првите 5 месеци од оваа (2020) година во споредба со истиот период минатата (2019) година се намали за 72 отсто и бројот на терористите внатре во границите на земјата опадна на 500.



Слични вести